На 23. декември 2007 година градот Виница ќе биде домаќин на All star натпреварот на кој ќе настапат селекциијата на странци кои играат во Првата лига и екипата составена од кошаркари кои настапуваат во нашата земја. Заврши гласањето за двете селекции, во кое беа вклучени новинарите и тренерите од прволигашките екипи.

Селекциите ќе ги водат тренерите на екипите кои во есенскиот дел на првенството ќе ги освојат двете први места. Репрезентациите ќе бидат составени по принципот четири бекови, четири крила и два центри, а неофицијално изборот падна на овие кошаркари:

Селекција на странци - бекови: Бошњак (Струмица 2005), Фрај (Амак СП), Мариќ (Вардар О.), Поповиќ (Фени Индустри); крила: Зивчевиќ (Ф.Работнички), Кол (Фени Индустри), Илиќ (Вардар О.), Прековиќ (Фени Индустри); центри: Бол (МЗТ Скопје), Делиќ (Струмица 2005).

Селекција на домашни кошаркари - бекови: Петровски (МЗТ Скопје), Богоев (Струмица 2005), Д.Соколов (Струмица 2005), Милановски (МЗТ Скопје); крила: Тасовски (Струмица 2005), Тачи (МЗТ Скопје), Блажевски (Вардар О.), Ѓуровски (МЗТ Скопје); центри: Николовски (МЗТ Скопје), Гоцевски (Фени Индустри).


АРХИВА
Свечено отварање на Музејот на град Виница
Свечено отворена Спортската сала во Виница
All Star Виница 2007
Младинското светско првенство во ракомет за жени