|
Изработува сите видови камионски церади (класични царински церади, камионски церади на систем „side curtain“ или „sliding roof“). |
|
ЗАКИ-ЦЕРАДИ располага со знаење и искуство, во оваа област повеќе од 20 години. Нуди квалитетно изработени производи од церада, во повеќе бои, по конкурентни цени. Роковите за изработка се сведуваат на минимум, во рамките на реалните можности. Покрај работните дејства на локацијата на фирмата, можни се и интервенции на „лице место“. Фирмата ги изработува сите видови камионски церади (класични царински церади, камионски церади на систем „side curtain“, камионски церади на систем „sliding roof“), изработува настрешници, базени, чадори, вреќи, престилки, кровови за теренски возила, завеси од проѕирна церада и друго. Исто ги поставува и сите додатни елементи на церадата, како што се царински сајли, каиши, алки, окца и друго. Врши и поправка, лепење, продолжување, скратување и пренаменување на церада. Квалитетната изработка на нашите производи резултира со континуирано зголемување на бројот на нашите клиенти. |