 |
 |
 |
 |
Аптеката се наоѓа на самиот плоштад во Виница, поточно на
градскиот пазар на многу пристапно место, со паркинг пред самиот
објект. Од 1994 година до мај 2005
година работиме исклучиво на негативна листа, а се надеваме дека во најскоро
време ќе ни биде дозволено да работиме и со позитивната листа на лекови.
Покрај лековите нашиот асортиман е збогатен и со здрава храна, витамински
препарати, додатоци во исхраната, козметика за возрасни, заштитни и ортопедски
препарати, нега на коса, апарати за притисок, за инхалација, за мерење на шекер
во крвта и др. Посебен третман кај нас имаат
најмалите, за деца имаме сè
што треба од адаптирано мајчино млеко, бебешки детски храни, каши, чаеви,
сокчиња, козметика за деца, хигиенска козметика, влажни и маслени марамчиња,
памперс пелени од сите брендови, економи и рефус, цуцли, шишенца, глодалици,
лигавчиња, сетови, колички од програмата на Пјер Карден и се разбира стручен
совет за сè што погоре е наведено.
Друго важно да напомнеме дека кај нас посебно внимание посветуваме
на принципот на однесување со пациентите и со коминтентите базиран
на континуитет во работата. Како пример ќе наведеме неколку од нив:
Еуролек, Интеграл, Македонијалек, Зегин, Фитофарм, Галафарм, СТ
нелт, АВТ, МиА, Тим Поинт, Спектар, Лаура, Астра-М, Нова
перспектива, Бизнис хаус, Епл Треид, Трејдек и многу други, од кои
со повеќето уште од самиот почеток од 1994 година.
|
 |
|